| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров: Видовме дека можеме против најдобрите

Капитенот Кирил Лазаров смета дека иако доживеавме пораз, натпреварот против Франција покажа дека имаме сили за повеќе и дека со домаќинот Полска ќе поминеме могу полесно на следниот натпревар на Европското ракометно првенство.

– Се случија многу работи. Се договоривме пред натпреварот да дадеме максимум и да фатиме ритам за она што следува. Верувавме во победа, но сепак се работи за Франција – изјави Лазаров по завршувањето на мечот.

Според Лазаров, Македонија имаше шанса за победа, но во второто полувреме Франција ја смени одбраната.

–  Направивме технички грешки и Франција направи предност. Но што е тука е, видовме дека можеме против најдобрите. Сега останува да се одмориме за во недела. Иако Полска е домаќин не е Франција. Главите горе, покажавме дека можеме и имаме резерви – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top