Деветте откупувачи на тутун, заклучно со вчера (14 јануари), откупија вкупно 10.047 тони тутун од годинашната реколта, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Вкупната просечна откупна цена изнесува 186 денари по килограм, а кај одредени откупувачи е и над 190 денари.
Според податоците од Државниот инспекторат за земјоделство, чии претставници секојдневно се на терен и го следат текот на откупот, исплатата во актуелната реколта е реализирана со 76 отсто или досега се исплатени 23,3 милиони евра.
Откупот, како што се наведува во соопштението, се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и според договорите меѓу тутунопроизводителите и откупувачите. Инаку, според сегашната проценка, во реколта 2015 се очекува да бидат откупени над 20.000 тони тутун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.