| четврток, 6 декември 2018 |

Пожар во фабрика во Виница

Во Полициската станица во Виница на 13.01.2016 година во 16 часот било пријавено пожар во фабрика за паркет и брикет „Бор-вуд“ лоцирана во населба Градец сопственост на Б.М. (32).

Во пожарот, соопшти денеска МВР, опожарени се таванскиот простор, дрвената кровна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување на паркет, една машина за калибрирање на паркет како и поголема количина готов паркет  и елементи за фриза.

Од страна на ТППЕ Виница и ТППЕ Кочани пожарот бил локализиран. Причините за настанување на пожарот, како и висината на материјалната штета дополнително ќе бидат утврдени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top