| четврток, 6 декември 2018 |

Сан Антонио го доби дербито против Кливленд

Кошаркарите на Сан Антонио славеа победа над Кливленд во дербито на денот во НБА лигата.

На средбата во Сан Антонио одиграна ноќеска, „Спарси’’ го победи Кливленд со 99-95.

Најефикасен во победничката екипа беше Тони Паркер со 24 поени, а Кавај Лренард средбатра ја заврши со „дабл-дабл“ од 20 поени и 10 скокови. Кај поразениот тим Леброн Џејмс постигна 22 поени.

За тимот на Сан Антонио ова беше 23 победа во низа пред својата публика.

Шампионот Голден Стејт очекувано го победи ЛА Лејкерс со 116-98 .

Стив Кари ја „Воините’’ постигна 26 реализирајки осум „тројки“, додека Коби Брајнт за „Лејкерси’’ беше стрелец само на осум поени, а Џордан Кларксон беше најефикасен со 22.

Продолженија се играа на два натпревари кои завршија со победи на гостите и тоа, Филаделфија – Чикаго 111-115 и Орландо – Торонто 103-106.

Во останатите два меча, Мемфис – Детроит 103-101 и Јута – Сакраменто 101-103.

Пласман – Источна конференција: Кливленд 27-10 (понеди-порази), Торонто 25-15, Чикаго23-15, Атланта 23-16, Индијана 22-17, Мајами 22-17, Детроит 21-18, Орландо 20-19 …

Пласман – Западна конференција: Голден Стејт 37-3, Сан Антонио 35-6, Оклахома Сити 28-12, ЛА Клиперс 26-13, Далас 22-18, Мемфис 22-19, Хјустон 21-19, Јута 17-22 …

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top