| четврток, 6 декември 2018 |

Годинава ќе продолжи менувањето на таблите со изменетите називи на улиците

Годинава ќе продолжи менувањето на таблите со изменетите називи на улиците, но, исто така, ќе се набавуваат и ќе се поставуваат и табли со куќни броеви, со цел да се регулира нумерацијата на станбените единици во метрополата, во која изминативе 15 години интензивно се гради во сите општини и речиси сите населби, пишува „Дневник“.

bulevar Majka Tereza

– Со оваа одлука се утврдува обврската на Градот Скопје за замена на оштетени или исчезнати таблички со куќни броеви, поставување таблички на објектите на кои е извршена пренумерација на броевите, како и во други случаи утврдени со закон. Потребата за замена и поставување таблички ја определува Секторот за комунални работи, врз основа на претходно утврдени и ажурирани податоци. Трошоците за набавка и поставување се на товар на Градот Скопје, а парите за оваа намена се обезбедуваат со Буџетот – објаснуваат градските власти.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top