| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: 76 проценти од Австријците против натамошно прифаќање бегалци

Мнозинство Австриjци сакаат целосна забрана за прием на бегалци, се вели во резултати од анкета направена по нападите врз жени за време на новогодишната ноќ во Германија и во Австрија, пренесува МИА.

migranti francija britanija

 

Дури 76 отсто Австријци сметаат дека треба да се затворат границите за бегалци, укажува анкетата објавена од весникот Естерајх.

Четириесет и осум отсто анкетирани сметаат дека треба веднаш да се забрани прием на бегалци додека 28 отсто се со став дека во државата може да влезат само уште 20.000 нови азиланти.

Анкетата покажува дека 75 отсто Австријци сметаат дека државата е преоптоварена со бегалци и поради тоа, 76 отсто бараат горна граница за прифаќање подносители на молби за азил. Австриските власти оваа година очекуваат околу 120.000 подносители на молби за добивање азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top