Мирјана Антоновиќ,поранешната љубовница на фолк пејачот Мирослав Илиќ, вчера допатувала во Србија со синот Девин, за кој тврди дека е наследник на „славејот од Мрчајевци“, за да по 28 години го запознае со татко му. Мирјана и Девин престојуваат во семејната куќа на пејачката на Лепа Брена, која ќе им биде домаќинка наредните денови, објавија медиумите.
Мирослав очигледно е запознаен со тој факт дополнително полудел бидејќи со години не зборува со колешката,а откако го побарале новинарите без воздржување „распука“ со навреди за Лепа Брена и сите оние кои зборуваат дека Девин е неговиот син.
-Не ме интересира кој и што тврди и со кој се дружи. Единствено што имам е порака за госпоѓата Фахрета, а тоа: Тргни ми се од ку*от – изјавил гневен Илиќ. На прашањето зошто така и се обраќа на колешката, кажал: „Па ете така, сите знаат зошто е така!Баравте да ви кажам нешто и ви кажав. Имам ултиматум од целото моето семејство да не паѓам на никакви провокации, но сепак отстапив од тоа и ви го кажав моето мислење. Порачајте и на госпоѓата Фахрета да ми се тргне од ку*от – повторил Мирослав во изјавата за медиумите.
Кога во јавноста се обелодени приказната за вонбрачниот син на Мирослав Илиќ, Лепа Брена потврди дека знае детали за тајна романса.
-Боба и јас за таа приказна знаеме од 1984 година. Молевме сиве овие години само затоа што сакавме да го заштитиме Девин. Мира и Девин се наши пријатели и ден денес. Можам да речам се најдобро за неа и нејзиното семејство, особено за Девин, кој моето семејство го обожува. Ова е сепак 21 век и многу е лесно да се докаже кој е чие дете. Луѓето се разделуваат но децата не треба да бидат жртви на нивните разделби. Кога Девин се роди ние сите се вљубивме во него. Поминаа 30 години и сега е остварен маж, умен, образован, културен, воспитан и тоа се благодарение на неговата мајка – истакнала пејачката.
Кога го прашале Мирослав дали ќе се сретне со Девин тој бил категоричен: „Не ми паѓа на памет!“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.