| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија пред првиот испит во Полска

Македонската ракометна репрезентација попладнево со почеток во 18 часот во „Таурон Арена“ во Краков го игра првиот натпревар на 12. Европско првенство во ракомет што се одржува во Полска. Првиот ривал на Македонија е Франција, селекцијата која ги има обединето трите титули (европска, светска и олимписка).

Двете репрезентации играа во истата квалификациска група и во двата наврати победи Франција (27:25 во Скопје и 35:24 во Тулуз).

Македонската репрезентација која од средата се наоѓа во Краков веќе одработи неколку тренинзи и атмосферата во тимот е на високо ниво и играчите со нетрпение го очекуваат првиот натпревар на шампионатот.

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски го носи дресот на француската екипа Тулуз, а за првиот противник истакна дека резервирано во првите кола после додаваат „гас“.

– Тоа за нас може да биде плус. Ние треба да се насочиме на нашата игра и да одиграме на тој натпревар како што треба. Оваа репрезентација покажала дека може да игра добро и со големи репрезентации. Добрата одбрана може да не однесе до позитивен резултат. Ако тоа го завршиме добро, ќе биде поволно за нас, рече Герасимовски.

Франција е трикратен европски шампион, а на клупата го имаат и извонредениот Клод Онеста, додека секако најпознато име е еден од најдобриот ракометари на светот Никола Карабатиќ.

Натпреварот ќе го судат данските судии: Мартин Гјединг и Мдс Хансен.
По дуелот Македонија – Франција во Краков ќе се одржи и куса церемонија на свечено отворање, а потоа ќе следи и вториот дуел меѓу домаќинот Полска и Србија кога се очекува „Таурон Арена“ да биде исполнета во целиот капацитет со 15.000 гледачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top