| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Ангеловски: Важно е да ја вратиме самодовербата

igor angelovskiСелекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски смета дека двата контролни натпревари против Словенија и Бугарија ќе бидат вистински тест за можностите на селекцијата која ја предводи.

Ангеловски е во постојан контакт со репрезентативците и се надева дека ќе бидат во добра натпреварувачка форма за силните контролни дуели.

-Мило ми е што успеавме да договориме два силни контролни натпревари против Словенија на гостински терен и во Скопје против Бугарија. Репрезентацијата на Словенија е исклучително квалитетна, против Украина во баражот за пласман на Европското првенство беа сосема рамноправен противник, а резултатите што ги остваруваат во последните неколку години доволно говорат за квалитетот и напредокот на словенечката селекција. Истото се однесува и за репрезетацијата на Бугарија, сметам дека и тој натпревар ќе биде одличен тест за нас. Важно е да ја вратиме самодовербата. Со сите играчи од нашиот тим сум во постојан контакт, мило ми е за трансферот на Несторовски во Палермо, а се надевам дека и неизвесноста околу клупскиот ангажман нема да трае долго за некои играчи, како Мојсов и Тричковски. За сите е важно да бидат во добра натпреваруваќка форма. На пријателските натпревари против Словенија и Бугарија нема да повикувам играчи од младата репрезентација која има исклучително важни квалификациски дуели, но можноста да повикаме некои од нив ќе ја искористиме во мајско-јунскиот термин кога повторно ќе имаме силни контролни натпревари- го пренесува Ангеловски официјалниот портал на ФФМ.

Натпреварот Словенија – Македонија е закажан на 23. март во Копер, шест дена подоцна ја пречекуваме селекцијата на Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top