| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Бугарија пријателски ќе играат на „Филип Втори“

reprezentacijaМакедонската фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29 март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, соопшти Фудбалската федерација на Македонија. Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции.

Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Ибраими и Трајковски славевме со 2:0.

На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994. година беше 0:0, во Софија 1996 година Македонија загуби со 3:0, во Скопје во 1996 година беше 1:0 за Македонија, а во 2001 и 2006 година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.

На 23 март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top