| четврток, 6 декември 2018 |

Имате право да очекувате политичарите да го исполнат тоа што го ветиле- порача Груевски

gruevski5-Овој потег ја одбележува нашата заложба да се средуваат работите, да се опстојува на зборот. И вие имате право да го очекувате тоа од луѓето во политиката, посветено и верно да го исполнат тоа што го ветиле и што вие сте го побарале преку вашиот глас- посочи премиерот Никола Груевски вечерва во обраќањето пред јавноста, при што најави дека ќе депонира привремено повлекување од функцијата до Собранието, а ќе биде ефектуирано на 100 дена пред изборите согласно договорот од Пржино.

-Изборите на 24ти април ќе го отргнат облакот на неизвеснот и ќе го заменат со нов и силен мандат. Со нов ветар во грб, кога сета оваа агонија која ја создадоа ќе биде зад нас, и ќе докажеме на сите дека Македонија е силна и отпорна, и дека никој не смее да го потценува нашиот народ, дека знае што сака и знае кого и зошто го поддржува. Тогаш Владата ќе ја води оваа држава напред во изградба на нашата економија и подобрување на стандардите и условите- најави премиерот Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top