| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО ДПМНЕ ќе настапи со сериозна платформа за државната економија

Vmro Miting Zaedno sme posilni 18 05 15 (12) (Custom)

Премиерот Никола Груевски во вечерашното обраќање најави дека на следните избори нема да губи време да се враќа на старите политички препукувања и сплетки на опозицијата и најави дека има големи планови и сериозни платформи за државната економија, раст и развој, за опстојување на патот за отворање на нови работни места и инвестиции во сите области.

– Ќе презентирам детална програма за да се постигнат очекувањата кои ги имате од нас. И може да сметате на мене дека ќе го исполнам ветеното. Јас држам до мојот збор. Другите може да се вплеткуваат во политика на лична деструкција. Во деструктивни и непродуктивни сценарија. Но, мојата програма е за тебе. За твоето семејство. За твојата работа. Твоите приходи и плати. И за изградбата на нашата земја како место во кое ќе може да се гледаат вашите надежи и соништа, порача Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top