| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Проблемите да се стават зад нас, а народот и државата да продолжат напред

The Prime Minister Nikola Gruevski announcing his resignationКако што и самите знаете и чувствувате нашата земја предолго заглавена во политичката криза. Минатово лето четирите најголеми политички партии заедно со олеснувачите од меѓународната заедница склучија договор за да ја надминат кризата, посочи премиерот Никола груевски кој вечерва најави привремено повлекување кое ќе биде во сила на 100 дена пред предвремените избори.

-Не можам да не истакнам колку е важно да се остават проблемите зад нас за да може народот и државата да продолжат напред, да се отвораат нови работни места, да се градат училишта, инфраструктура, патишта, болници, субвенции, зголемување на плати, пензии, да продолжи силно растот на нашата економија- додаде Груевски во своето обраќање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top