| четврток, 6 декември 2018 |

Премиерот Груевски времено ќе се повлече на 100 дена пред изборите

gruevski press (Custom)Утре до претседателот на Собранието ќе испратам писмо со мојата оставка, која ќе биде ефективна 100 дена пред официјалното одржување на изборите, изјави вечерва македонскиот премиер Никола Груевски во своето обраќање до јавноста.

-Ова е важен чекор за мојата верба во вас, граѓаните на Македонија. Мојот план е да бидам постојано со вас, да споделуваме идеи и планови проекти и чекори што дополнително да направиме, заеднички ќе обзнаниме една нова ера, визија за подобра иднина. Јас верувам во вас и во Македонија. Одиме напред, заедно рамо до рамо, секој ден до денот на изборите, кога гордо ќе кажеме дека успеавме- рече Груевски во говорот во кој го најави временото повлекување.

-Македонија е предолго заглавена во политичката криза. Минатото лето склучен е договор за надминување на кризата. Ние ќе го исполниме договореното. Многу е важно да се остават проблемите назад, за да може владата да си ја работи работата. Договорот е постигнат да се разреши и да се заврши кризата. Направивме многу компромиси за доброто на државата. Нашата обврска беше целосно исполнета. Ние сме против тоа државата да се држи во заложништво. На 24 април договорени се избори, а 100 дена пред тоа премиерот треба да се повлече. Валканата кампања против Македонија треба да прекине. Ние го почитуваме договореното- оцени Груевски.

Следните избори ќе означат еден нов почеток, а „кавгите, агонијата, обидите и за безбедносен колапс на Македонија ќе бидат зад нас“, додаде Груевски.

-Јас на наредните избори нема да губам време на старите препукувања. Јас имам големи планови и сериозни платформи за раст и развој, имам детална програма за да се постигнат очекувањата и ветеното ќе се исполни. Јас држам до ветеното. Мојата програма е за тебе, за твоето семејство, за твојата работа, за твоите приходи и плати и за изградба на нашата држава- додаде премиерот Никола Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top