| четврток, 6 декември 2018 |

Европол: Црна Гора е важна пералница на пари

evropol

Европската полициска канцеларија во најновиот извештај нагласува дека Црна Гора спаѓа во рангот на најважните пералници на пари.

Европол констатира дека земјата е важна пералница на пари бидејќи нелегално стекнатите пари на тајкуните и наркокартелите се уфрлуваат во легалните текови и работења, пишува подгоричкиот весник „Дневне новине“.

– И натаму се испитува какви и колкав врски вака стекнатиот капитал има со државниот врв и со коруптивните активности. Под лупа посебно се руските тајкуни, чие работење со години ѝ е сомнително на европската полиција – се вели во извештајот.

Според Европол, нелегално заработените милиони во Русија често завршуваат како уредни инвестиции во земјиште, хотели или вили на црногорското крајбрежје.

Европол констатира дека Црна Гора е на крстосница на патиштата на дрогата и дел од т.н. балканска наркорута.

– Црна Гора им е интересна на шверцерите на дрога, како коакин, поради слабиот надзор, но и можноста за поткупување на царинските и полициските контроли – се наведува во извештајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top