| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија договори контролни средби со Бугарија и со Словенија

reprezentacija na makedonija

Македонска фудбалска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Бугарија на 29 март на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Натпреварот ќе биде седми пријателски меѓу двете селекции. Во досегашните шест пресметки Македонија има две победи, последната во 2013 година кога со головите на Агим Ибраими и Александар Трајковски славеше со 2:0.

На првиот пријателски дуел во Кочани во 1994 година беше 0:0, во Софија 1996 година Бугарите беа подобри со 3:0, во Скопје во 1996 година беше 1:0 за Македонија, во 2001 и 2006 година во Софија и Скопје, Бугарија победи со 1:0.

На 23 март селекцијата предводена од Игор Ангеловски ќе гостува во Копер на контролен дуел против Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top