Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска ги казни мадридските клубови Реал и Атлетико со забрана за трансфери во следните два преодни рока поради прекршување на правилата при регистрација на малолетни играчи.
Како што се наведува во соопштението на ФИФА забраната не се однесува на сегашниот преоден рок што значи Реал Мадрид и Атлетико ќе можат да ангажираат нови играчи до 31 јануари.
Исто така, клубовите се и парично казнети, Атлетико со 900 илјади франци, а Реал со 360 илјади швајцарски франци.
Казната што ја добија Реал и Атлетико е иста со онаа што ја доби Барселона во претходните два трансфер рокови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.