| четврток, 6 декември 2018 |

Направив непоправлива работа на бадникова вечер

Вчера заспав околу десет часот вечер во дневната соба. Сестра ми остана да гледа телевизија, а јас задремав уморна од готвење посен грав и чистење на куќата. Кога се разбудив, не бев свесна дека поминала полноќ, пред да отидам во спална соба застанав во кујна.

ispovest_1452083664_670x0

Изедов две парчиња пита со сирење и неколку парчиња сланина. Уживав во тие неколку залаци. Кога ја ставив сланината во уста уживав како да сум на седмо небо. Дури тогаш сфатив што сторив – се омрсив на овој свети ден.

Домашните многу ме критикуваа и тоа со право. Сакав да повратам, а тогаш сестра ми кажа дека сторив грев и дека не можам сега ако се натерам да повратам да се преправам како ништо да не се случило.

Плачам цел ден. Знам дека сторив лоша работа. Мајка ми рече дека не е добро да се плаче на овој голем празник но јас не можам да ги сопрам солзите. Навистина излегов кокошка.

*Оваа исповед  е објавена на една Фејсбук страна на која жените од регионот си ги споделуваат „маките“ и пролемите со кои секојдневно се соочуваат, делат совети и разменуваат рецепти. 

Прочитајте и:

*Полудувам кога ќе ми влезе: Пиев дури и апчиња, но залудно

*Едната града ми е искривена: како сега ќе одам на дочек на Новата година

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top