| четврток, 6 декември 2018 |

Аврамопулос: Напорите во совладувањето на бегалската криза не даваат резултати

димитри

Комесарот на Европската унија за миграција Димитрис Аврамопулос изјави денеска дека напорите во совладувањето на бегалската криза не даваат резултати и оти се поголем број држави членки ја засилуваат пограничната безбедност пред приливот на бегалци и мигранти.

Аврамопулос обраќајќи се пред европските пратеници предупреди дека ситуацијата се влошува бидејќи илјадници луѓе и понатаму пристигнуваат секојдневно во Европа бегајќи од судири или сиромаштија.

– Се повеќе држави членки повторно воведуваат погранична контрола како одговор – наведе тој.

ЕУ покрена во септември план за распределба на 160.000 бегалци кои пристигнуваат во Грција и Италија, но досега помалку од 300 се „вдомени“ во други држави. – Тие планови не ги дадоа очекуваните резултати – нагласи комесарот Аврамопулос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top