| четврток, 6 декември 2018 |

Про­кис­на ча­до­рот на За­ев

 

naslovna176

Во новиот број на неделникот Република, кој е во продажба од утре, 15.01.2015 година, ќе читате:

 

Опозицијата пред потоп 

Про­кис­на ча­до­рот на За­ев

Проб­ле­мот на За­ев во слу­ча­јот не е са­мо тоа што Гру­ев­ски се по­твр­ди ка­ко нај­се­ри­о­зен по­ли­тич­ки фа­ктор во др­жа­ва­та, ту­ку и фа­ктот де­ка за кра­тко вре­ме ќе мо­ра се со­о­чи со на­ро­дот. Бол­ка­та му е до тол­ку по­го­ле­ма што по­ле­ка ста­ну­ва све­сен де­ка „ча­до­рот“ му про­кис­на ток­му пред оче­ку­ва­на­та бу­ра, ко­ја на пред­вре­ме­ни­те из­бо­ри ќе го по­то­пи за­ед­но со не­го­ви­те до­маш­ни и стран­ски со­ра­бот­ни­ци.

 

По­ра­ки од САД

Гру­ев­ски оста­ну­ва гла­вен аме­ри­кан­ски парт­нер

Ду­ри и да се точ­ни но­ви­нар­ски­те фор­му­ла­ции на бри­тан­ски­от со­ци­јал­де­мо­крат Хо­вит де­ка тој од свои из­во­ри во Стејт де­парт­мен­тот доз­нал де­ка Гру­ев­ски до­бил не­га­тив­ни по­ра­ки од САД, фа­ктот де­ка Гру­ев­ски а не не­кој друг се срет­на со Бај­ден, до­вол­но го­во­ри на ко­го ти­пу­ва Аме­ри­ка и во ид­ни­на. По по­се­та­та на Гру­ев­ски де­фи­ни­тив­но ста­на јас­но де­ка ад­ми­ни­стра­ци­ја­та на Оба­ма ре­ши­ла да ја ис­по­чи­ту­ва ма­ке­дон­ска­та ре­ал­ност и за ид­ни­на­та на зем­ја­та да раз­го­ва­ра со тој што и во ид­ни­на ќе би­де во мож­ност да ја во­ди зем­ја­та и да со­ра­бо­ту­ва со стра­те­шки­от при­ја­тел.

 

И по Веруш Чауш?

Специјално пријателство со пучистите

Игра­ат ли  „спе­ци­јал­ци­те“ на Ја­не­ва еден стар, одам­на из­гу­сти­ран виц: „Зна­еш ли ка­ко се др­жи мо­рон во не­из­вес­ност? Не. Ќе ти ка­жам утре, хе, хе, хе!“  Та­ка, пра­веј­ќи мо­ро­ни од гра­ѓа­ни­те и од ин­сти­ту­ци­и­те, не­до­пир­ли­ви­те по­сто­ја­но си по­и­гру­ва­ат со тр­пе­ни­е­то и го изи­гру­ва­ат за­ко­нот. Че­кав­ме да ги пре­зе­ме раз­го­во­ри­те, се­га за­пис­ник од ку­ти­и­те на За­ев. А сѐ пог­лас­но се слу­ша де­ка по Ве­руш, сле­ду­ва Ча­уш…

 

Десет години со иста стратегија

СДСМ прави кризи место програми

Во си­те овие го­ди­ни се ба­ра­ат из­бо­ри, што е и нор­мал­но од опо­зи­ци­ја, а по­тоа се бе­га од нив – што е, пак, својс­тве­но са­мо за ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја. При­чи­ни­те, пак, па и во­ка­бу­ла­рот, се по­вто­ру­ва­ат. Пр­во се при­ти­ска за из­бо­ри, со­стој­ба­та се ра­ди­ка­ли­зи­ра, по­тоа се опи­пу­ва пул­сот на гра­ѓа­ни­те, па се бе­га од из­бо­ри, на крај се оди со те­зи за „ви­со­ки­те це­ли“ – сло­бо­да­та и де­мо­кра­ти­ја­та, за по­втор­но да се за­гу­бат из­бо­ри­те. По зе­ма­ње­то кус здив, по­втор­но се поч­ну­ва со соз­да­ва­ње или про­дол­жу­ва­ње на криз­на­та со­стој­ба.

 

Балканските ѕидови добредојдени во Германија 

Новогодишната Kристална ноќ во Келн

Нападот на стотици жени за време на новогодишната ноќ од страна на повеќе од 1000 странци од Блискиот Исток и од Северна Африка целосно ја збуни германската јавност. Поделеноста која е присутна, пред сѐ на социјалните мрежи и на медиумите, допрва ќе ескалира. Дури и оние што беа рамнодушни кон бегалците, сега се внимателни. Бараат гаранции дека напливот на бегалци нема да го наруши германскиот комодитет и безбедниот живот. Со тоа се создава притисок кон владата на Меркел, која предлага нови, поостри мерки за бегалците прекршители на законот и со тоа индиректно потврдува дека контроверзната ПЕГИДА или Патриотски Европејци против исламизација на Западот имале право кога протестирале.

 

Искуството на цена на пазарот на труд

Најбарани се програмери, информатичари и инженери

Ста­ти­сти­ка­та ре­ги­стри­ра де­ка во зем­ја­ва, се­пак, искус­тво­то се це­ни. Име­но, спо­ред ста­рос­ни­те гру­пи, најп­ла­те­ни се ма­жи­те на во­зраст над 60 го­ди­ни, со 37.425 де­на­ри и од 35 до 39 го­ди­ни, со про­сеч­но 35.311 де­на­ри ме­сеч­но. Кај же­ни­те, нај­ви­со­ка­та про­сеч­на ме­сеч­на за­ра­бо­ту­вач­ка се за­бе­ле­жу­ва кај оние на во­зраст над 60 го­ди­ни, со 37.561 де­нар и од 55 до 59 го­ди­ни, со 31.868 де­на­ри ме­сеч­но.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top