Документарниот игран филм „Последниот Македонец: Патот до истребувањето“ е мотивиран од 100 годишнината од Букурешкиот договор и најмногу е сниман на локации во и околу Битола. Филмот, дава многу одговори, но и наметнува дилеми кои инспирирани од содржината би можеле да се дискутираат во научните кругови на Балканот помеѓу балканските политичари, па и пошироко.
Режисер на филмот е Илија Пиперкоски, кој вели дека филмот треба да даде или да провоцира повеќе одговори. Зошто Македонија во периодот пред Букурешкиот договор, но, и помеѓу Балканските војни не можеше да создаде сојузници кои ќе ја поддржат независноста? Зошто братоубиството заради сојузништвото со Бугарите, Србите или Грците е правило, а не реткост во Македонија ? Постои ли воопшто некој кој е Македонец од Македонија?
За Пиперкоски, не била лесна работа да се мотивираат актерите да играат улоги на предавници, затоа што во филмот има многу ликови кои извршиле предавства во македонската историја. Продуцент е Снежана Лупевска-Созен, додека пак извршни продуценти се Огнен Антов и Владимир Анастасов.

За љубителите на хорор филмовите, започнува една мистериозна приказна во Јапонска шума каде американката Сара тргнува во потрага по својата исчезната сестра близначка. „Ужасна шума“ е полна со измачени и лути духови кои ги напаѓаат сите кои доаѓаат во неа.

Најмладите ќе имаат можност да започнат авантура со „Мечокот од Север“ – Норм, кој заедно со неговите пријатели иселени од нивниот дом од Арктикот, тргнуваат кон Њујорк, каде што Норм станува маскота на корпорација, за којашто наскоро дознава дека е поврзана со судбината за неговата татковина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


