| четврток, 6 декември 2018 |

Тендерот заврши, нема ниту една понуда за Чебрен и за Галиште

чебрен галиштеНема понуди на јавниот повик за доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија од хидроелектричните централи на Црна Река – Чебрен и Галиште, констатира Комисијата за избор на најповолен понудувач на Министерството за животна средина и просторно планирање. Кајниот рок за тендерот, како што информираат од Министерството, истече денеска, а Министерството во согласност со своите надлежности ќе ја информира и Владата на Република Македонија дека нема понуда на јавниот повик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top