| четврток, 6 декември 2018 |

Помагајте, Бојан се фрли од прозорец!

Помагајте, Бојан се фрли од прозорец!, пишува дневниот весник „Вест“ за драмата која се случувала во четвртокот во скопската населба Карпош 3.

Дваесет и деветгодишниот Бојан И. по куса расправија со свршеницата паднал од прозорецот на четвртиот кат од зградата на улицата „Трифун Пановски“ и тешко се повредил. Со возило на Брза помош тој веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Според инфорамциите на „Вест“ свршеницата на Бојан И. трчала по скалите во зградата во која живееле и барала помош од соседите.

Според нејзиниот исказ,  дошло до жестока расправија по која, Бојан И. најпрво се обидел да ја фрли низ прозорец, но кога не успеал тој самиот скокнал. Полицијата допрва ќе истражува дали 29 годишниот скопјанец навистина се обидел да изврши убиство па самоубиство.

Според информациите на лекарите, тој е во критична состојба. За инцидентот била известена и полицијата која неколку часа вршела увид на местото на настанот и собирала докази.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top