| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Го остваривме ветувањето, се реализира инвестиција на компанијата „Џерман електромехатроник системс“

Нова инвестиција која ќе донесе нови 200 вработувања најави претседателот на Владата, Никола Груевски.

– Како и што најавив на 24 декември минатата година во медиумите, денеска се остварува ветувањето, се реализира инвестиција на компанијата „Џерман електромехатроник системс“ (German Electro-Mechatronic Systems) за производство на ЛЕД светилки што ќе значи 200 вработувања – објави премиерот Груевски.

Според Груевски, со вчерашната инвестиција на компанијата „БРГ“ и рестартирањето на „Порцеланка“ за два дена, тоа е објава и почеток на реализација на две нови инвестиции што ќе значат 1.200 вработувања, луѓе кои ќе земаат плата, со сигурна иднина и јасна перспектива за своите семејства.

– Нашата визија се остварува, нашиот план за нови вработувања и за подобар животен стандард, како и поддршката и развојот на економијата стануваат реалност. Ние така и ќе продолжиме да се грижиме за граѓаните и да работиме за нештата кои се важни за напредокот на Република Македонија – вели Груевски.

Видео од ветувањето на премиерот Груевски:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top