| четврток, 6 декември 2018 |

Што да јадете ако имате проблем со киселини во желудникот

 киселини

Ако сте го надразниле желудникот и имате проблем со киселини, олеснете си со помош на соодветна храна и напитоци. Еве која храна и кои напитоци е добро да ги консумирате доколку имате вакви проблеми.

Чај од ѓумбир
Ѓумбирот е одличен лек за проблеми со варењето. Моежете да го користите како зачин или како лек. Доволно е да го изрендате или да исечете коренот од ѓумбир и да го ставите во вода. За чај не ви требаат повеќе од 2 цм ѓумбир.Банани
Бананите се добри за киселини затоа што го штитат хранопроводникот од киселината која се враќа од желудникот. Имаат многу ниска киселост.

Млеко од бадеми

Ако за појадок сте направиле фрапе со млеко од бадеми, веќе сте направиле чекор во вистинската насока за да ја избегнете киселината. Млекото од бадеми ја неутрализира желудочната киселина.

Овесна каша

Овесната каша ќе го заштити желудникот и ќе ви овозможи чувство на ситост. Освен тоа, овесната каша е полна со здрави влакна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top