Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за составот на Анкетната комисија за случајот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.
Пратеничката група предводена од СДСМ најави дека нема да учествува во работата на оваа комисија бидејќи според нив таа е нонсенс и контра комисијата за прислушувањето.
Пратениците од владејачката партија, пак, оценија дека СДСМ не сака да се формира оваа анкетна комисија затоа што се плаши вистината да излезе на виделина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.