САД го осудија самоубиствениот напад во стариот дел на Истанбул и ја истакнаа својата посветеност да работат со Турција во борбата против „Исламска држава”, пренесува БТА.
-Овој невкусен напад стана во историското срце на Истанбул ги погоди како Турците, така и странските туристи- рече портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Нед Прајс.
Тој вети дека САД ќе продолжат да соработуваат со Турција и да ја поддржуваат во борбата против тероризмот. Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изрази сочувство од Вашингтон до семејствата на 10те жртви и посака брзо и целосно заздравување на повредените лица.
САД го потврдува силниот ангажман да работи со Турција, членка на НАТО и ценет член на коалицијата против ИД во борбата против општата закана од тероризмот, рече Кирби. Сите убиени се странци. Меѓу нив има осум германски државјани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.