| четврток, 6 декември 2018 |

Гратис змија со новата гарнитура за семејство од Прилеп (ФОТО)

343893-prilepchani-vo-shok-dobile-garnitura-so-zmija

Прилепско семејство останало во шок откако во новата гарнитура пронашло змија.

Тие нарачале гарнитура од салон за мебел во Прилеп. Кога им ја доставиле, половина гарнитура била во погрешна боја, по што веднаш ги замолиле да ја вратат и да добијат таква каква што нарачале.

Гарнитурата веднаш била исплатена од страна на прилепчанецот, а потоа на 12 ноември добиле таква каква што нарачале.

По извесно време почнало нешто да им шушка, но не биле сигурни за што станува збор, а потоа почнала да се шири и непријатна миризба во дневната соба.

343894-prilepchani-vo-shok-dobile-garnitura-so-zmija

Прилепчанецот со ноже отворил дел од страната не знаејќи дека во гарнитурата се крие змија – смок.

Исплашени и во шок, веднаш пријавиле во соодветните институции каде што се сомневаат дека змијата е намерно ставена. Истрагата е во тек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top