| четврток, 6 декември 2018 |

Влегол да ограби бутик во „Мавровка“ – во касата не нашол ни денар

Вчера во 15.33 часот во ЕИК-Скопје, С.Д. пријавила дека во Т.Ц. „Мавровка“ во бутик, од страна на непознато лице бил извршен обид за разбојништво.

Сторителот влегол во бутикот, со пиштол и се заканил да му ги даде парите, но откако видел дека во касата нема пари, излегол и побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top