Јануари
Јануари е месец на амбициозните личности. Ако сте родени во првиот месец од годината, тогаш сте напорна личност која многу сака да им удоволува на луѓето крај себе.
Февруари
Родените во февруари се интелигентни и интересни личности. Интересите им се различни и често избираат креативни професии. Не ги сакаат ограничувањата и секогаш се стремат да постигнат слобода на мислите.
Март
Раѓањето на новиот живот и пролетта, расцутената бои кои срамежливо се насмевнаат на сонцето … Исто како нив, луѓето родени во март месец се срамежливи. Имаат длабоко скриени во душата тајни, но немаат лоши намери кон околината.
Април
Април е месец во кој природата активно се буди. Затоа и личностите родени во април се исклучително активни. Нивниот секојдневен живот е динамичен и тие не би можеле да се задоволат со рутината.
Мај
Родените во мај се вистински сонувачи. Во секоја минута тие можат да го направат преминот на друг бран и нивните соништа да ги одведат во други светови. Тоа понекогаш им пречи да бидат цврсто стапнати на земјата и често сами ја одложуваат својата реализација во животот.
Јуни
Тие се забавни. Родените во еден од најубавите летни месеци не престануваат да бараат инспирација и онаа вистинска и висока љубов. Тие сакаат или сè или ништо. Исклучително креативни се и можат да постигнат големи успеси во животот.
Јули
Ако ви требаат пријатели за луди забави, убави спомени и емоционални љубови, тогаш вие сте со вистинските луѓе. Авантуристи, исклучително емоционални, но и различни. Такви се родените во јули.
Август
Луѓето родени во август поседуваат одлични лидерски квалитети. Забавни се, целно устремени и секогаш ги инспирираат луѓето крај себе. Ги поставуваат своите големи цели и тешко се откажуваат.
Септември
Ако сте родени во септември, тогаш сте перфекционисти. Секогаш се стремите да ставите ред крај себе. Во делата не брзате, бидејќи сакате да го дадете најдоброто на што сте способни.
Октомври
Овие личности се зборлести и забавни и често заземаат високи позиции во општеството. Луѓето родени во еден од најубавите есенските месеци поседуваат способност да влијаат преку зборови на околината. Тие се толку добри оратори, да нема како човек што нема да ги послуша нивните зборови.
Ноември
За оние кои се родени во ноември може да се каже дека се тврдоглави, но и доста таинствени. Имаат остар ум, силна мотивација и неуспесите никогаш не ги откажуваат од нивните цели. Ги сакаат патувањата и безбедноста.
Декември
Ако сте родени во последниот месец од годината нема сомневање дека сте влијателни личности. Скромноста не е вродена за вас и кога постигнувате успеси, секогаш се стремите повеќе луѓе да дознаат за нив. Добар советник сте и блиските често ве консултираат за совет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.