| четврток, 6 декември 2018 |

Откако видоа дека посетата на Груевски во САД помина одлично, сега опозицијата дефокусира со лаги за тоа кој ја организирал

DSC_6890

Опозицијата покажува невидена нервоза и хаотично однесување. Тоа може да се види во текстовите и во написите кои излегуваат во соросовите и во проопозициски медиуми полни со лаги и со манипулации за посетата на премиерот Никола Груевски на Соединетите Американски Држави. Откако е сосема евидентно дека посетата помина одлично, што е максимално позитивен потег на Груевски, тие се зафатија за тоа кој и како ја организирал посетата.

Изнесоа сосема неточна информација дека наводно агенцијата „Њу партнерс“, која ја ангажирала ВМРО-ДПМНЕ, ја организирала средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден. Според информациите до кои дојдовме, се работи за целосна дезинформација, но истовремено и сосема небитна информација.
l8b
Според информацијата од брифингот од Белата куќа, САД ги потврдуваат пријателството со Македонија и поддршката на евроатланските интеграции на Македонија. Оттаму, воедно апелираат и за исполнување на обврските од одговорот од Пржино меѓу кој е и обврската за организирање на избори на 24 април од кои лидерот на опозицијата Зоран Заев и СДСМ сакаат да избегаат. Истовремено, средбата Груевски-Бајден е и шлаканица за самите опозициски експоненти кои заговараа и ширеа дезинформации дека државата е изолирана, што се покажа за целосно неточна информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top