| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ќе се сретне со Шон Пен

sean-penn-zaev-2

Претседателот на СДСМ Зоран Заев ќе има средба со американскиот актер и активист Шон Пен.

Оваа средба доаѓа на иницијатива на комисијата за надворешна политика на СДСМ која го исконтактирала познатиот актер со молба да размисли за интервјуирање на градоначалникот на Струмица и лидер на македонската опозиција.

Извори од кабинетот на Заев соопштуваат дека Пен најпрвин не знаел кој е Зоран Заев, меѓутоа откако му соопштиле дека се работи за братот на Вице Заев и другар на Захир Бекири – Чауш, актерот со задоволство прифатил.

Интервјуто на Заев со Шон Пен доаѓа како одговор на средбата на премиерот Никола Груевски со американскиот потпретседател Џо Бајден.

„Сега да го видиме Груевски. Прво, Бајден е потпретседател во заминување, а Шон Пен никогаш нема да замине од актерството. Плус Џо Бајден никогаш нема спиено со Мадона како Шон Пен. Со ова ќе се расчисти конечно кој е поголем фраер во Америка – Груевски или се разбира Заев“, додава нашиот извор од СДСМ.

Шон Пен во последно време покрај со актерската кариера се занимава и со правење серијал интервјуа со разни луѓе од целиот свет.

Последното интервју на Шон Пен беше со мексиканскиот нарко бос Ел Чапо.

За да биде поинтересно интервјуто за американскиот пазар кој Заев сака да го освојува, ќе му биде направена фотосесија среде поле со пиперки, а насловот на интервјуто ќе е „Чушките са мојта дрога“.

Од кабинетот на Заев официјано не сакаа да коментираат ништо за овие наводи. Соопштија дека истрагата ќе покаже дали Заев ќе се сретне со Шон Пен.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top