| четврток, 6 декември 2018 |

Американците ги зафати лото треска, џекпотот се приближува до една милјарда долари

лото
Рекордниот џекпот од најмалку 900 милиони долари предизвика вистинска треска во Америка. Износот полека се приближува до една милијарда долари со што привлекува сѐ повеќе играчи на „Пауербол“, лотаријата што се игра во 44 американски сојузни држави.
Досега највисокиот износ на џекпотот изнесувал 656 милиони долари, што го поделија тројца среќни добитници во 2012 година.
Тие што ги погодија петте броеви можеа да избираат меѓу еднократна исплата од 558 милиони долари со одземен данок или исплата на рати 29 години. Добитниците избраа еднократна исплата.
Поголема е веројатноста дека ќе станете американски претседател отколку да освоите џекпот, наведува НБЦ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top