Претседателот на Владата, Никола Груевски за време на својата еднодневна посета на Соединетите Американски Држави, оствари средба и со потпретседателот на САД, Џо Бајден.
– Со господинот Бајден имавме одлична и пријателска средба. Од последното наше гледање до сега се имат случено многу нови работи и многу предизвици. Зборувавме и за добрите работи и за предизвиците. Америка е наш партнер, ние имаме потпишано Декларација за стратешко партнерство во 2008 година и во многу други работи имаме сериозна поддршка од САД во овој изминат период. На средбата зборувавме за повеќе теми. Зборувавме за политичкиот договор, за реформите во повеќе сфери, за економијата и економската соработка, зборувавме за безбедносните предизвици, но зборувавме и за членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Ние ќе продолжиме да соработуваме и во иднина со Америка, особено на влезот на Македонија во НАТО и ЕУ и нивната поддршка во тој правец ќе биде многи значајна за нас во иднина – изјави Груевски по средбата.
Претходно Груевски оствари средба со Пити Сешн, кој е претседател на Законодавниот комитет на Конгресот, еден од највлијателните конгресни комитети, кој ги уредува сите прашања во врска со процедурите, потребите, правилата и останатите аспекти за усвојување на американските закони. Сешн е еден од највлијателните американски конгресмени од редот на Републиканската партија. Груевски се сретба и со Алан Берсин, помошник секретар за национална безбедност САД, кој е и потпретседател на Интерпол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Сомнителен пакет испратен и за Џо Бајден