Еден и пол час незаборавно и неповторливо шоу „Гет ап – стенд ап“, на кое ќе настапат Игор Џамбазов и Марјан Георгиевски, заедно со Жаре Димитриоски како водител на настанот, по иницијатива и во организација на „Скопје сити мол“, на 17 април ќе се одржи во киното „Синеплекс“ во 20 часот.
Покрај наведените шоумени, кои за првпат настапуваат во ваков оригинален состав, можност да го претстават својот досега неоткриен талент, ќе имаат тројца млади и надежни комичари. Младите комичари, свое аматерско видео пријавуваа на посебната апликација, која „Скопје сити мол“ ја креираше исклучително за настанот.
По настапот, со почеток во 21 часот, Игор Џамбазов во приземјето на „Скопје сити мол“ екзклузивно ќе го потпишува неговото најново авторско дело, книгата „Приказни од Мјаукедонија“.
„Скопје сити мол“ уште еднаш ја докажува својата определба да им овозможи на сите свои посетители едно поинакво искуство. Со организирањето на вакви и слични настани, трговскиот центар поставува нови, повисоки стандарди во домашниот забавен живот и култура на купување.
Картите, кои се во ограничен број, може да се резервираат електронски, преку веб- страницата на киното или на телефон 02/ 3074-477.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



