| четврток, 6 декември 2018 |

Богојавление- Водици, празник на крштевањето на Исус

Богојавление- Водици се слави од вториот век и е поврзан со крштевањето од свети Јован Крстител на Исус Христос во реката Јордан. Фрлениот крст во водите ги прави лековити, а тој што ќе го фати го следи благослов.

Традиционално, во водите во или близу населените места се фрла крст, а фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа. Се верува дека со фрлањето на крстот водите се осветуваат и стануваат лековити, а тој што ќе го фати крстот ќе го следи благослов и среќа цела година. Овој празник се нарекува уште и Водици, заради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Со Водици завршуваат таканаречените Некрстени денови.

Во Македонија празникот се слави во сите населени места, а најмасовно се очекува да биде во Скопје и во Охрид.

Меѓу оние кои ќе се обидат да го фатат крстот во осветените води на Охридското Езеро е и поранешниот амбасадор на ЕУ Ерван Фуере.

Во Скопје Богојавленската литургија почнува во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“, по што поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците кај мостот кај хотелот „Холидеј Ин“ќе ги освети водите на Вардар. На пладне ќе биде положен светиот крст во Скопје. Најаени се дека по него ќе скокнат 173 верници.

Годинава меѓу учесниците има повозрасни граѓани од над 60 години и малолетни лица, кои ќе учествуваат со писмено одобрение од родител. Најмладиот учесник е 15-годишниот Филип Лазаревски.

Богојавление е неработен ден за верниците од православна вероисповед.

По повод големиот христијански празник Богојавление Христово – Водици, Честитки до поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан, свештенството и до сите православни верници, упати премиерот Никола Груевски.

– Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба. Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, се наведува во честитката од Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top