| четврток, 6 декември 2018 |

Чичко со боксови бранел внук и се заканувал на наставничка

skolo vnatre

Прилепчанец е кривично пријавен затоа што тепал 15-годишник, кој пртеходно го истепал неговиот внук. Интервенирала и наставничка во Основното училиште „Кочо Рацин“ во Прилеп, каде што и се случил инцидентот, но насилникот и на неа ѝ се заканувал.

Според полициската станица во Прилеп, била поднесена кривична пријава за  О.П.(42) од Прилеп за кривично дело насилство.

На 11 март годинава околу 11 часот во Прилеп во дворот на ОУ „Кочо Рацин“, по претходна вебална расправија и физичка пресметка меѓу Б.П.(16), внук на пријавениот и М.С.(15), во ходникот од училиштето дошол пријавениот и физички го нападнал М.С. удирајќи го со тупаници и клоци по телото, од што му нанел видливи повреди, а потоа ѝ се заканувал на наставничката која сакала да го отстрани од училиштето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top