| четврток, 6 декември 2018 |

На бензиска пумпа кај Смоквица фатен камион полн бегалци

Вчера во 14.50 часот во близина на село Смоквица на паркинг на бензинска пумпа, при вршење редовна контрола полициски службеници откриле кривично дело криумчарење на мигранти.

Во товарно моторно возило „МАН” со скопски регистарски ознаки биле пронајдени 20 илегални мигранти. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС- Гевгелија и инспектор од ОПКМСР Гевгелија.

По добиените инструкции од Основното Јавно обвинителство, тројца мигранти се задржани и ќе бидат пренесени во Прифатен центар-Скопје, а останатите 17 се пренесени во ПТЦ-Гевгелија за понатамошна постапка.

Возилото со записник е предадено на инспекторот од ОПКМСР Гевгелија и е сместено во ПС за ГП и ГН Богородица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top