| четврток, 6 декември 2018 |

Грабеж во „Нептун“

Вчера наутро околу 05.00 часот во продавницата за бела техника „Нептун“ лоцирана во Тетово на ул.„Борис Кидрич“, непознат сторител извршил тешка кражба.

Сторителот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел седум мобилни телефони и седум лап-топ компјутери, а потоа го напуштил местото на настанот.

Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 450.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top