| четврток, 6 декември 2018 |

Симболите што ги ставате на крајот на пораката откриваат интересен детаљ за сексуалниот живот

Секоја порака ја завршувате со „смајли“?

2674

Анкетата која ја направиле околу 5.600 луѓе покажа дека околу 40 отсто од нив што повеќе пати во денот помислуваат на секс, почесто користат „емотикони“ во пораките, пренесува британски Метро.

Тие што поретко размислуваат за сексот  кажале дека ги користат  „смајли симболите“, но не во секоја порака.

Според известување на страницата „Меч“, луѓето што ги потиснуваат своите сексуални желби ретко користат емотикони.

Истражувањето покажало дека 54 отсто од обожавателите на симболите имале повеќе  секс во  2014 година во споредба со 34 отсто од оние кои не ги користат.

Корисниците најчесто го користеле смајли што намигнува, а веднаш по него се стандарниот смајли и смајли што бакнува.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top