Во декември минатата година се евидентирани 18 тешки кражби на територијата на општините Кавадарци и Неготино, информираше Дејана Недељковиќ, главен советник во Сектор за односи со јавност и протокол при МВР.
– Тринаесет тешки кражби се регистрирани на подрачјето на општина Кавадарци во текот на декември минатата година или една помалку споредено со истиот период во 2014 година. Во неготинска општина пак, во декември лани имало пет тешки кражби, а во истиот месец во 2014 година, една – појасни Недељковиќ.
Таа информира дека во полицијата се пријавени три случаи на кражба на ракија.
– Во едниот случај се работи за тешка кражба која е расчистена, сторителот е фатен на лице место. Кај другите две кражби гонењето е по приватна тужба – рече Недељковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.