Претседателот на СДСМ Зоран Заев одбил да биде помилуван од страна на Претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, иако постоеле дипломатски напори да се најде на списокот за новогодишна аболиција, потврдуваат наши извори од кабинетот на Заев.
Името на Заев требало да се најде на списокот после силното инсистирање на странските амбасадори во Македонија, кои барале од Иванов да го помилува Заев за сите дела за кои е обвинет, како и да потпише паушална аболиција за дела за кои допрва би можело да биде гонет.
Заев го одбил овој предлог уште пред Иванов да се изјасни, категорично одбивајќи да биде аболициран од претседателот на републиката.
„Не може тој човек да ме помилува кога не е избран на легитимни избори, на фалсификувани избори е избран. Ние не бараме вонредни претседателски туку само парламентарни за да не се наоѓа Македонија на трошок да имаме дупли избори, инаку да си знајајте, и тој човек за мене не е признат претседател исто како шо не е признат Никола Груевски“, им соопштил Заев на неговите соработници.
„Единствен претседател на кој сум му дал еднаш и би му дал пак да ме помилува е само господинот Бранко Црвеновски. Никој друг не смее да ме помилува, со прст не смее да ме пипне. Само прав маж може да ме црпне од ќелиите и да ме фрли на слобода, а нема друг таков маж освен Бранко Црвенковски“, емотивно додал Заев.
Непознато е дали Заев би сакал да биде допрен од милозливата рака на Црвенковски односно да биде помилуван од Црвенковски само при „Пуч“ или би сакал помилување и во некоја друга ситуација т.е. би сакал да биде помилуван и во друг случај во кој има подигнат акт против него.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст