| четврток, 6 декември 2018 |

Протест во Копенхаген заради граничните контроли со Шведска

копен

Околу 300 шведски и дански демонстранти се судрија денеска со полицијата на железничката станица кај аеродромот во данската престолнина, каде се собраа во знак на протест заради контролата на личните документи на границата меѓу Данска и Шведска, што беше воведена пред една недела.

Новите погранични контроли ги погаѓаат автобусите, траектите и возовите, а најмногу железничкиот сообраќај меѓу Копенхаген и најголемиот шведски град Малме, преку мостот Оресунд, пренесува „Раша тудеј“.

Пограничните контроли може да го продолжат патувањето од Копенхаген до Малме за околу 20.000 лица, колку што секој ден преминуваат од Данска во Шведска, од 40 минути на повеќе од едне час.

Шведска најави воведување погранични контроли кон средината на декември, кога шведскиот министер за миграции, Морган Јохансон, изјави дека оваа земја повеќе не може да прима баратели на азил, односно дека „ја достигнала границата, додека Данска не“.

Неговата изјава предизвика гнев меѓу данските политичари, па така данскиот премиер Локе Расмусен на данската телевизија порача дека „не е работа на Швеѓаните да и судат на данската миграциска политика“.

Рускиот канал напоменува дека Данска во 2015 година примила околу 18.000 бегалци, додека Шведска прифатила околу 190.000 баратели на азил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top