| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајден мртов маж во Демир Капија

Седумдесет и две годишниот Благој К. од Демир Капија вчера утрината е пронајден мртов во домот на улицата „Партизанска“.

-Истиот е пронајден на кревет во зачадена просторија од оган кој се уште тлеел на едната страна на креветот, информираат од полицијата.

Смртта настапила како последица на загушување од чадот,а истата е констатирана од лекар од Итната медицинска помош, кој на нозете на починатиот забележал изгореници.

Извршен е увид, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top