Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:15 часот во СРЦ „Кале“ игра контролен натпревар со селекцијата на Црна Гора.
Ова ќе биде единствена можност љубителите на спортот и на ракометот на домашен терен да ја видат македонската репрезентација пред заминувањето за Европското првенство во Полска. Влезот на вечерашниот натпревар е слободен.
Селекторот Ивица Обрван на располагање има 21 ракометар истите кои играа и на дуелите со Словенија, каде Македонија во два наврати одигра нерешено. Два дена „одмор“ поради повреда имаше Филип Лазаров, додека и покрај тешкиот пад на дуелот со Словенија во Цеље, Наумче Мојовски е во подготвен за тренинзи и натпревари.
Двете селекции Македонија и Црна Гора се учеснички на ЕП во Полска, а утре ќе одиграат уште еден дуел, но зад „затворени врати“ на барање на селекторите. Тогаш ќе можат да се испробаат комбинации и акции кои не треба да ги знаат сите пред се ривалите од групите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст