
Синот на турбофолк пејачката Светлана Цеца Ражњатовиќ, синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Република Српска.
Несреќата се случила кога автомобил од спротивниот правец директно удрил во автомобилот кој го управувал пријател на Вељко, пишува српски „Блиц“.
-Сообраќајната несреќа се случила кај местото Шамац кога Вељко и неговиот другар, кој возел, се обиделе да го избегнат несовесниот возач од спротивниот правец. Човекот кој возел пред нив нагло закочил и без трепкач свртел десно. За да избегнат удар, другарот на Вељко свртел лево и налетал на автомобилот кој доаѓал од спротивната насока, вели извор на „Блиц“ кој се нашол на лице место.
Како што пишува весникот, Вељко и неговиот другар се здобиле со потешки повреди, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Веднаш била повикана Итна помош и двете момчиња се примени во болница каде им се направени сите потребни снимања и испитувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


