| четврток, 6 декември 2018 |

За седум дена од 2016 милијардерите во светот загубиле 194 милијарди долари

Вкупно 194 милијарди долари изгубиле милијардерите кои се на списокот на 400-те најбогати на Земјата во првата недела од оваа година поради пад на акции светските берзи и пад на цените на нафтата, јавија американски медиуми.

Само Бил Гејтс, основач на Мајкрософт изгубил во првата недела од годината 4,5 милијарди долари.

Мексиканецот Карлос Слим е „посиромашен“ во првите седум дена од годината за 5,7 милијарди долари.

Сепак, најмногу загубил основачот на Амазон, Џеф Безос. Неговото богатство во првите седум дена од годината се намалило за 5,9 милијарди долари, а акциите на компанијата се намалени за 10 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top