| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реновира спортската сала во кривопаланечкото ООУ „Илинден“

 skoloПреку проект финансиран од Министерството за образование и наука ќе отпочне целосна реконструкција на салата во основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка која ќе се реализира по финализирање на деталите за избор на изведувачот. Средствата се предвидени со програмата за работа на Министерството за 2016 година, информира директорот на „Илинден“, Оливер Дејановски.

-Проектот за реконструкција на салата ќе вклучи обнова на подот со нов еластин под од три сантиметри, замена на столаријата со нови ПВЦ прозорци и врати, како и комплетна замена на покривната конструкција. Новитет во салата ќе бидат осумте т.н. сонца преку кои се планира да се затоплува салата кога ќе се спроведе гасификација на општината, рече Дејановски.

Нагласи дека со сопствени средства од буџетот на училиштето поставени се осум нови рефлектори во спортската сала што било неопходно поради нефункционалноста на постојните неонски светла со кои досега се осветлуваше.

– Новите рефлектори се 250 ватни и го задоволуваат просторниот капацитет на салата со површина од 600 метри квадратни. Ова е дел од редовните зафати спроведени во училиштето, а обновување на дотраената спортска опрема и реквизити се врши редовно на почетокот на секоја учебна година, во консултација со одговорните наставници кои ја реализираат наставата по физичко и здравствено образование, додаде Дејановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top