| четврток, 6 декември 2018 |

Охридска газдарица спречила кражба

Во Охрид во обид за грабеж, вчера физички била нападната сопственичката на менувачница „Васко М“,во ТЦ-Амам лоциран на ул. „Македонски Просветители“.

МВР денеска соопшти дека вчера во 18.10 часот во ТЦ-Амам во менувачница „Васко М“, две непознати лица влегле внатре и едно од нив со рака ја удрил сопственичката Н.М., Откако таа викнала, се појаснува во соопштението, дошол нејзиниот сопруг, а лицата побегнале не одземајќи ништо од менувачницата.

СВР-Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top