| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерка ја спасила мајка си од сигурна смрт – изгоре куќа во Велес

Вчера околу 12.00 часот на ул.„Благој Јосмов“ во Велес, настанал пожар во куќа сопственост на М.Г.(77).

Пожарот започнал во една од собите и од таму за брзо време се проширил и ја зафатил целата куќа.

М.Г. била евакуирана од страна на нејзината ќерка која била во куќата.

Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од од СВР-Велес.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top